Ефремовски одличен против Чаир, Работнички запиша важен триумф (ФОТО)

Работнички славеше против Чаир со 94-83 во третото коло од плеј-аутот во кошаркарската Суперлига на Македонија.

Првата четвртина од дуелот беше израмнета (22-22), по што Работнички влезе во одличен ритам и на паузата замина со предност од 53-40.

Работнички продолжи да го полни кошот на Чаир и во вториот дел, па набрзо поведе со +15 (62-47), но нивниот ривал не се предаде и блесна на почетокот на последната четвртина кога намали на само четири поени негатива (68-72).

Чаир, сепак, немаше сила за пресврт, додека Работнички успеа да ја преземе контролата врз играта и да победи со 94-83.

Виктор Ефремовски запиша 28 поени за Работнички, додека Мухамед Тачи постигна 22 поени за Чаир.