Отказот на Росениор ќе го чини Челси дури - 27,5 милиони евра!

Англискиот гигант Челси го ангажира Лиам Росениор на почетокот на јануари и му даде шестгодишен договор, по што сите очекуваа да биде тренер околу кој ќе се гради новиот проект, но лошите резултати го натераа раководството да го отпушти младиот стратег.

Росениор издржа на кормилото на премиерлигашот само три ипол месеци, а му пресудија петте порази по ред во Премиер лигата без постигнат гол. Сепак, тој најверојатно нема многу да тагува поради отказот затоа што ќе си го наполни џебот.

Според информациите на англиските медиуми, Челси треба да му исплати околу 27,5 милиони евра на Росениро поради предвремениот отказ.

Фото: Facebook/Chelsea FC