Нова катастрофа за Челси - доживеа дебакл против Брајтон (ВИДЕО)

Светскиот клупски шампион Челси одигра уште еден мизерен натпревар во Премиер лигата и доживеа потоп од Брајтон (0-3), со што потврди дека се наоѓа во катастрофална форма и повтори негативен рекорд од 1912 година, односно кога потона Титаник.

Катастрофата на Челси почна во третата минута кога Кадиоглу погоди за водство од 1-0 на Брајтон, а „сините“ немаа удар кон противнички гол до стартот на вториот дел.

Хиншелвуд зголеми на 2-0 во 56. минута по нова грешка на одбраната на „сините“, а потоа Велбек против својата „омилена жртва“ стрелаше за конечни 3-0.

Челси е во серија од пет порази по ред во Премиер лигата, и тоа без постигнат гол, со што го повтори негативниот рекорд од 1912 година.