Словенечка скијачка легенда тешко настрада во бизарна несреќа – пијан возел велосипед!
Несреќата се случила во местото Сподња Липница, каде 44-годишниот Крањец преминал на спротивната страна од коловозот, удрил во рабник и доживеал тежок пад. По укажаната прва помош на лице место, бил пренесен во болница во Јесенице, а поради сериозноста на повредите итно бил транспортиран со хеликоптер во Љубљана.
Според словенечките медиуми, неговата состојба првично била многу тешка, но во меѓувреме има благо подобрување. Сепак, тој и понатаму останува на лекување во главниот град. Полицијата утврдила дека поранешниот спортист управувал велосипед под дејство на алкохол, при што му биле измерени околу 2,5 промили алкохол во крвта. Против Крањец веќе е покрената прекршочна постапка.
Крањец во кариерата освои бронзен медал на Зимските олимписки игри 2002 во екипна конкуренција на големата скокалница, а во сезоните 2009/10 и 2011/12 беше победник во Светскиот куп во скијачки летови.