Тешко дека ќе игра на СП: Парагваец против Тотнем заработи ужасна повреда! (ВИДЕО)

Парагваецот од редовите на Брајтон, Диего Гомез заработи тешка повреда на помалку од два месеци пред Светското првенство.

Во денешниот натпревар против Тотнем, Гомез при еден скок незгодно падна на тревникот и сцената изгледаше навистина сериозно. Според првичните проценки, мали се шансите тој да биде подготвен за настап во Мундијалот.

По повредата, Гомез не го продолжи натпреварот, а на негово место во игра влезе Митома.