Бивш скаут на Реал го понижи Винисиус: Ти си човек без мозок!
Ромеро кажа дека на Винисиус му недостига зрелост, односно не е доволно интелигентен како фудбалер и игра „без мозок“.
„Колку емисии посветив зборувајќи дека мора да работи на завршницата, мора да работи на својата глава? Гледам дека мозокот на Винисиус не функционира. Тоа е реалноста. Изморен сум од фудбалери без мозок кои го носат најславниот дрес во историјата на фудбалот“, кажа Ромеро.
Бившиот скаут на „кралевите“ вели дека Винисиус не сака да признае дека не е доволно добар.
„Винисиус не сака да признае дека завршницата му е лоша. Тој не сака да работи таму каде што има проблеми“, посочи поранешниот скаут.
Бразилецот оваа сезона настапи на 47 натпревари за „кралевите“, а притоа постигна 17 голови и 14 асистенции.
Фото: Facebook/Real Madrid CF