Анчелоти го знае решението за спас на италијанскиот фудбал

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти кажа дека италијанскиот фудбал го загубил темпото и мора да направи промени доколку сака да избегне нов срам, откако неодамна пропушти шанса да се пласира на Светското првенство (СП).

Анчелоти смета дека италијанскиот фудбал мора да создаде квалитетни одбранбени фудбалери, затоа што во фудбалот не станува збор само за постигнување повеќе голови од противникот.

„Голема разлика меѓу Серија А и Лигата на шампиони е темпото. Не само трчање, туку и постојана ангажираност, интензитет. Италијанскиот фудбал го загуби тоа. Исто така, му недостигаат квалитетни дефанзивци“, кажа Анчелоти.

Италија ќе го пропушти и третиот Мундијал по ред, откако минатиот месец загуби во финалето на баражот од Босна и Херцеговина на пенали.