Формула 1 може да добие нова градска трка од 2028 година (ФОТО)

Јужна Кореја планира да се врати во календарот на Формула 1 во 2028 година со трка која би се одржала на градскиот улици на Инчон.

Планот беше откриен во четвртокот, а патеката би се протегала на речиси пет километри на улиците на градот.

Инспирирана од уличните трки во Сингапур и Лас Вегас, оваа трка би можела да привлече 400.000 гледачи за време на викендот.

Јужна Кореја беше домаќин на четири трки во „најбрзиот циркус“ меѓу 2010 и 2013 година.