Познати се стартните состави на Баерн и Реал за вечерашната битка на Алијанц!

Баерн Минхен со предност од 2-1 ќе го почне денешното четвртфинале против Реал Мадрид кој мора да брка победа на Алијанс Арена за да го продолжи патот до трофејот во Лигата на шампионите.

Арбелоа за овој натпревар се одлучи да почне со Лунин на голот, во одбраната Милитаро, Ридигер, Менди и Александер Арнолд, во средниот ред Белингем, Валверде, Арда Ѓулер, а офанзивни ќе бидат Винисиус, Мбапе и Брахим Дијаз.

Компани ќе игра со Нојер како голман, во одбраната Станишиќ, Упамекано, Та и Лаимер, во средниот ред Кимих и Павловиќ, пред нив Гнабри, а од страните Олисе и Луис Дијаз, најистурен во нападот е Хари Кејн.