Драма во Мадрид: Фудбалер кој „удри“ по Арбелоа е отпишан од реваншот со Баерн

Реал Мадрид го објави списокот со фудбалери за реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) против Баерн Минхен, а најголемо изненадување е отсуството на Раул Асенсио.

„Марка“ пишува дека Асенсио не е повреден, туку не е повикан за натпреварот поради тоа што го критикувал тренеро Алваро Арбелоа.

Арбелоа решил да го отпише, откако Асенсио ја критикувал неговата одлука да го остави на клупата во првиот меч против Манчестер сити.