Tиквеш со пресврт ја реши Струга, Шкендија лесно до три бода (ВИДЕО)
Тиквеш во Струга славеше со пресврт 2-1. Домаќините први стигнаа до водство по 20 минут игра, кога по ударот на Радески топката од ногата на голманот Тасев заврши во неговата мрежа.
Сепак, Тиквеш брзо се врати и пет минути подоцна со голот на Рамадани израмни на 1-1. Со по еден гол на двете страни се замина и на паузата.
Моментот на одлука се случи во 56-ѕата минута кога во листата на стрелци се запиша Сила.
Натпреварот во Струга го обележа и една непријатна сцена кога Сенегалецот, Папе Фал само некоја минута откако влезе во игра на местото на Воша се соочи со непријатен пад. Сцената изгледаше навистина вознемирувачки и може да ја погледнете – ТУКА.
Во вториот натпревар кој се играше во Тетово немаше никакви изненадувања и Шкендија лесно со победа од 6-0 ја оправда фаворитската улога против Шкупи.