Џеко во српски ресторан доби специјална порака која го погоди! (ФОТО)

Легендата на Босна и Херцеговина, капитенот Един Џеко деновиве престојува во Белград каде во еден ресторан доби пријатно изненадување.

Џеко заработи повреда на рамото на мечот против Италија по кој БиХ се пласираше на Светското првенство. Тој деновиве е во Белград каде има дополнителни прегледи за повредата. Резултатите се одлични, нема да има операција, а веќе започна со рехабилитациска терапија.

За време на престојот во Белград, Џеко доби пријатно изненадување од еден ресторан.

„Каде и да играш, тука сме ние од Зеница до Америка! Среќно Змејови!!!“, гласеше пораката која беше напишана на при сервирањето на десертот.

Гестот очигледно го погоди Џеко кој го сподели на социјалните мрежи.