„Нојер е најдобриот голман на сите времиња“

Германскиот голман, Мануел Нојер доби најголеми пофалби од својот сонародник, Тони Крос кој смета дека чуварот на мрежата на Баерн Минхен е најдобриот кој некогаш се појавил.

Нојер има уникатен стил на бранење и се разликува од останатите голмани. Тој е еден од најдобрите во светот, а за Крос дефинитивно е број еден.

Пофалбите доаѓаат по неговата маестрална партија против Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу.

„Мануел Нојер е најдобриот голман на сите времиња. Тоа е сигурно“, вели Тони Крос.

„Ману има свој посебен голмански натпревар. Само тој го има тоа. Единствен голман кој ви е забавно да го гледате. Тој има неверојатна аура со неговите движења и елеганција“.

„За Светското првенство? Тој и сега е најдобриот германски голман и тоа со огромна предност. Нема дебата за тоа“.

Мануел Нојер најверојатно нема да оди на Светското првенство бидејќи не е прв избор на германската голманска позиција.