Арбелоа: Од месечината се гледа дека е пенал! (ВИДЕО)
Реал Мадрид направи нов кикс во Ла Лига откако одигра само 1-1 против Џирона на Сантијаго Бернабеу.
Килијан Мбапе беше удрен со лакт во шеснаесетникот на гостите, но судиите не досудија пенал.
„Фаулот врз Мбапе беше чист пенал. Тоа беше пенал кој може да се види од месечината. Но, тоа е што е, секогаш исто. ВАР интервенира кога сака, кога не сака да види нешто не интервенира“, вели лутиот Арбелоа.
Лицето на Мбапе беше крваво по добиениот лакт.