Енцо се извини, но Росениор не простува: Аргентинецот нема да игра против Сити!

Аргентинскиот фудбалер Енцо Фернандез флертуваше со Реал Мадрид по што доби суспензија од Челси на два натпревари. Тој реши да се извини поради неговиот потег, но тренерот Лиам Росениор не му прости и го повтори својот став.

Росениор потврди дека Енцо нема да игра в недела против Манчестер сити во дербито од Премиер лигата.

„Има некои работи преку кои мора да поминеме. Имавме добар разговор, тој ми се извини мене и на клубот. Сепак, ќе разговараме подетално по натпреварот во недела“, кажа Росениор.

Натпреварот меѓу Челси и Манчестер сити се игра в недела од 17.30 часот на „Стемфорд бриџ“. 

Фото: FacebookChelsea Football Club