Жалгирис ја уништи „вечерта на Вујошевиќ“, ама се доближи на чекор до плејофот
Вечерта во белградската Арена беше посветена на неодамна починатиот Душко Вујошевиќ и домашните играчи направија се за да му се оддолжат со победа, но не успеаја на крајот. Жалгирис заслужено стигна до триумфот кој широко му ги отвора вратите кон плејофот од елитното европско натпреварување.
Во последното коло литванскиот тим го пречекува Париз и со евентуален триумф директно оди во разигрувањето за титулата, без да игра плејин. Најефикасен актер на натпреварот беше Силван Франциско, кој постигна 16 од своите 18 поени во првото полувреме, а на тој настап додаде и шест асистенции. По него следуваа Најџел Вилијамс-Гос со 13, Азулас Тубелис со 12 и Едгарас Улановас со ист број поени како и неговиот сонародник.
За црно-белите се истакна Карлик Џонс со 15 поени и четири асистенции, Исак Бонга и Шејк Милтон имаа по 13, а Бруно Фернандо имаше 12 поени и девет скока.