Навивачите на Реал збеснаа: Мбапе доби лакт во лице, судијата не покажа пенал (ВИДЕО)

Реал Мадрид одигра нерешено против Жирона (1-1), а навивачите на домашниот тим по натпреварот му се налутија на судијата за кој сметаат дека ги „ограбил“.

Килијан Мбапе во завршницата од дуелот се обидуваше да изнуди пенал за „кралевите“, а во 89. минута доби лакт во лицето од противнички фудбалер по кој ВАР-собата пресуди нема нема удар од белата точка за домаќинот.

Навивачите на „кралскиот тим“ се уверени дека судиите ги оштетиле затоа што Мбапе добил удар во лицето.

„Ова е чист пенал над Мбапе. Ова е неприфатлива одлука, ограбени сме“, се дел од коментарите.