Јасихура дебитираше за Охрид во убедлив триумф над Тиквеш!
Охриѓани без проблем ја остварија целта, го добија мечот со Тиквеш кој пружи отпор во првиот дел, но тотално се распадна во второто полувреме.
Охрид го доби првиот дел со 19-14, а во второто полувреме Тиквеш постигна само шест голови, домаќините дадоа 18. Конечниот резултат гласеше 37-20.
Јасихура постигна шест голови во својот прв меч за Охрид, четири од нив беа од пенал од исто толку шутеви, два беа од игра. Имаше едно промашување.
По шест голови за Охрид постигнаа и Савревски и Ќосевски. Кај Тиквеш Стојановски и Мијусковиќ постигнаа по пет.
Охрид со овие два бода се качи на второто место на табелата, Пелистер ова коло игра дерби со Алкалоид во Автокоманда. Тој меч се игра на 14 април.