Футсал репрезентацијата ја згази и Турција и оди во втората фаза од квалификациите за СП
По триумфот против Бугарија, нашиот национален тим денеска беше подобар и од Турција со 6-3 и сигурно ќе освои едно од првите две места кои водат во втората фаза од квалификациите. Македонија имаше фуриозен почеток, по 12 минути игра водеше со 3-0, а на крајот од првото полувреме и со 4-1. Турција за краток постигна два гола преку Угурлу и намали на 3-4, но Рамадан и Киревски се погрижија за убедлив триумф.
На македонската репрезентација ѝ останува уште дуелот против Литванија која е домаќин на квалификацискиот турнир, но секако не може да падне подолу од второто место на табелата.