Синер го реши Оже-Алијасим и обезбеди полуфинале во Монте Карло
Двајцата тенисери беа сигурни на својот сервис сè до шестиот гем кога Синер му го одзема сервисот на ривалот и потоа без проблеми стигна до 6-3.
Идентично беше и во вториот сет, каде што Синер повторно направи брејк на противнички сервис и славеше со 6-4.
Синер во полуфинале ќе се соочи против Александер Зверев, кој претходно беше подобар од Жоао Фонсека.
Фото: EPA