„Луческу не почина наеднаш, туку му беше дијагностицирана тешка болест“

Легендарниот романски тренер Мирчеа Луческу почина во вторникот, откако претходно беше во болница поради два срцеви удари, но тој се соочувал со здравствени проблеми уште од почетокот на годината.

Во емисијата „Фудбал Клуб“, коментаторот Раду Наум објави дека на Луческу во јануари му била дијагностицирана леукемија, но и дека постоела мисија да се чува тјната.

„Луческу не почина наеднаш, колку што знаеме. Дијагностицирана му е болест. Ќе мора во еден момент да ја откриеме вистината. Постоеше мисија да се сокрие информацијата, но Мирчеа не бил во најдобра состојба3, открива Наум за „Диги Спорт“.

Романскиот тренер Луческу во минатото работеше во многу клубови, а беше и селектор на Романија.