Фудбалерките до 19 години загубија од Норвешка на стартот на квалификациите за ЕП

Македонските фудбалерки до 19 години беа поразени од Норвешка со 0-3 во првото коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Норвешка поведе преку Џули Стен во осмата минута од натпреварот, по што резултатот не се промени до крајот на првото полувреме.

Еле Улштајн стрелаше за 2-0 на стартот на вториот дел, по што Ана Малмин ги постави конечните 3-0 во 58. минута.

Македонија го игра вториот меч од квалификациите против Шкотска на 13 април.