Фуриозниот почеток на помогна: Ѓорческа запрена во четвртфиналето во Мадрид
Лина загуби од Италијанката, Пигато со 0-2 (4-6, 2-6) и покрај тоа што одлично го почна натпреварот. Мечот го почна со серија од четири освоени гема, но потоа доживеа пад во играта и ѝ дозволи на противничката да освои шест во низа и да поведе со 1-0 во сетови. Вториот сет беше апсолутно различен, Пигато направи брејк во четвртиот гем за водство од 3-1, а точка стави во осмиот со уште еден брејк.
И покрај денешниот пораз, Ѓорческа освои 21 бод во Мадрид и ќе забележи напредок од десетина места на новата ВТА листа која ќе излезе в понеделник.