Куманово ја доби драмата со Гостивар!

Куманово го победи Гостивар со 75-73 во меч од плеј-аутот од најдобрата кошаркарска лига, дуелот имаше исклучително драматична завршница која ја добија домаќините.

Куманово одлично го отвори натпреварот и по првите две четвртини имаше предност која изгледаше сигурно, водеа со 42-30.

Но, по одморот Гостивар заигра многу подобро, особено во последните десет минути. Тие комплетно го свртеа резултатот и поведоа со 68-64. Сепак последните мигови од мечот му припаднаа на кумановскиот тим кој на крајот победи со 75-73.

Гостивар го имаше последниот напад, шутнаа за три поени, но не беа прецизни, па си заминаа дома со празни раце.

Најдобар во составот на Куманово беше Луковиќ со 27 поени и 14 скокови, кај Гостивар Димитриевски реализираше 16 поени.