Ристовски открива како завршил во Динамо: Дадов збор на друг клуб, ама се јави - Мамиќ (ВИДЕО)
За време на престојот во Загреб, Ристовски освои пет шампионски титули и четири Куп трофеи, а сега во интервју за вијести.ба се присети на својот трансфер во Динамо од португалскиот Спортинг, на кој го убедил тогашниот шеф на клубот Здравко Мамиќ.
„Господинот Здравко го договори тоа. Бев во Спортинг, некои работи се искомплицираа и морав да одам, да барам решенија. Но, сè уште имав уште две години од договорот. Се договорив со мојот менаџер дека ќе одиме, да бараме трансфер, а не позајмица, ама никој не сакаше да плати. Никој, нема шанси. Останувам во Спортинг уште шест месеци, но не сум во составот, само тренирам и играм за репрезентацијата. Значи, доаѓа зимскиот преоден рок, остануваат уште три дена. Му давам збор на АЕК од Грција дека доаѓам на позајмица, а како Мамиќ дознал, не знам. И ми се јавува, вели, дали би сакал да дојдеш кај нас. И јас реков, секако. Тој вели, првиот авион и доаѓа веднаш, и јас велам, па шефе, му дадов збор на АЕК. Каков АЕК, знаеш што сме ние за АЕК... Човекот го реши трансферот за 24 часа“, открива Ристовски.
Македонскиот бек има фантастична репутација во Хрватска бидејќи претходно помина и две сезони во Риека и со тој клуб освои двојна круна во 2017 година.