Лазаревски: Утре со поддршка од навивачите може да одиграме многу подобро

Покрај тренерот Иван Чупиќ на денешната прес-конференција на Вардар пред натпреварот со Монпелје присуствуваше и ракометарот Милан Лазаревски.

Вардар загуби со десет разлика во Франција (33-23) и утре го чека тешка задача. Сепак, Лазаревски верува дека тој и соиграчите заедно со поддршката од трибините можат да одиграат на едно повисоко ниво.

„Утре ќе играме важен натпревар, не очекувавме така да заврши дуелот во Франција, но за жал се случи така. Наше сега е да дадеме максимум и со поддршка од навивачите да одиграме многу подобро“, изјави Лазаревски.

Натпреварот помеѓу Вардар и Монпелје се игра утре во терминот од 20:45 часот.