Ла Лига пак сака меч од домашното првенство да се игра надвор од Шпанија!

Оваа сезона имаа неуспешен обид натпреварот меѓу Виљареал и Барселона да се игра во друга земја, но Ла Лига не се откажува од идејата и покрај противењето на фановите.

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, вели дека Мароко би било идеално место за да се одигра таков натпревар.

„Играње на Ла Лига меч надвор? Ќе разгледаме играње во Мароко. Земајќи во предвид колку фанови на Ла Лига има во Мароко и колку лесно се стигнува до Мароко, играњето натпревар таму би било многу лесно. Може да играме меч во Казабланка, зошто да не?“, рече контроверзниот Тебас.

Коментарите за оваа идеја се негативни исто како и претходно.