Најзгодната одбојкарка во светот објави жешки фотки од Грција и – ги збудале фановите (ФОТО)

Поранешната одбојкарка, Кејла Симонс (30 години), која често ја нарекуваат една од најатрактивните спортистки во светот, повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи со своите најнови објави.

Таа сподели серија фотографии од одмор во Грција, поточно од живописното место Оја на островот Санторини. Во објавата насловена како „Грчка архива“, најмногу реакции предизвика една фотографија од сончање, која веднаш стана хит меѓу нејзините следбеници. Фановите експресно ги преплавија коментарите со пофалби, воодушевени од нејзиниот изглед и амбиентот од патувањето.

Симонс се прослави додека настапуваше за Универзитетот Маршал, по што изгради успешна кариера како модел и инфлуенсер. Денес е исклучително активна на Инстаграм и ТикТок, каде редовно споделува фотографии од професионални снимања, патувања и секојдневниот живот.

Со своите објави и модни комбинации често привлекува внимание, а фотографиите во костим за капење редовно стануваат вирални и предизвикуваат бројни реакции кај нејзините следбеници.