Нејмар во преговори со нов клуб - ќе води борба против Меси (ФОТО)

Бразилскиот фудбалер Нејмар повторно е во центар на внимание поради потенцијален трансфер кој би можел да го оствари во следниот период.

„Атлетик“ пишува дека бразилскиот интернационалец би можел да се пресели во МЛС-лигата, а како можна дестинација се споменува Синсинати.

Иако преговорите сè уште се во почетна фаза, сепак Синсинати верува дека би можел да го добие потписот на Бразилецот.