Футсалците тргнаа со победа во битката за СП - славеа над Бугарија!
Македонија беше подобра со 4-1, а серијата ја отвори Иван Крстевски по само две минути игра, а веќе во осмата Берат Рамадани се погрижи за 2-0. Единствениот гол за Бугарија го постигна Владимир Бхааров на почетокот на второто полувреме.
Преостанатите два гола избраниците на селекторот Газмед Хисејини гхи постигнаа на стартот од вториот дел, стрелаа Антонио Петровски и уште еднаш Рамадани.
Во следниот натпревар Македонија ќе игра против Турција и утре од 15:30 часот и ако славиме победа ќе обезбедиме една од првите две позиции, а со тоа и пласман во следната фаза од квалификациите.