Потврдено: УФЦ ќе организира настан во Србија!
Долго време се шпекулираше дека УФЦ доаѓа во Србија, а конечно пристигна и потврда од Вајт.
„Продолжуваме со договори ширум светот, ќе патуваме повеќе. Нови договори со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, а одиме и во Србија“, откри Вајт.
Сè уште не е познато кои борби ќе се одржат на настанот и кога точно ќе биде одржан истиот.