Ужасна вест од Србија: Почина легендарниот Душко Вујошевиќ!

Кошаркарскиот свет не само во Србија туку и во целиот свет е потресен по веста за заминувањето на легендарниот тренер, Душко Вујошевиќ, кој денеска почина на 67. годишна возраст во Белград.

Тој подолг период имаше големи здравствени проблеми, особено со дијабетисот, а лани во Белорусија му беше извршена трансплатација на бубрег. Минатиот месец беше итно примен во болница поради проблеми со срцето и белите дробови, битка која на крајот не успеа да ја добие.

Вујошевиќ најголем дел од тренерската кариера ја мина на клупата на Партизан со кој освои пет титули во АБА-лигата, 12 пехари во првенството на Србија како и трофеј во поранешниот Куп на Радивоје Кораќ во организација на ФИБА.