Винисиус донесе конечна одлука: Познато каде ја продолжува кариерата (ФОТО)

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор реши да стави крај на шпекулациите, откако претходно се споменуваше дека сакал повисока плата од Килијан Мбапе и планирал да се пресели во Англија.

Винисиус застана пред камерите и зборуваше за неговата иднина, при што даде јасен одговор за тоа каде сака да игра во иднина.

„Кога ќе дојде вистинското време, ќе го продолжам договорот со Реал Мадрид и ќе останам тука уште долго. Реал Мадрид е клубот од моите соништа. Имам договор на уште една година, но во моментов водиме преговори“, кажа Винисиус.

Бразилецот има договор до 2027 година, а се очекува да ја продолжи соработката за уште неколку години.

Фото: facebook/Real Madrid