Пуста желба: Италијанците сè уште сонуваат настап на овој Мундијал!
Единствената надеж за италијанската репрезентација за учество на турнирот следното лето лежи во можно повлекување на Иран од натпреварувањето. Имено, како што е познато нивното учество е неизвесно поради воениот конфликт со САД, еден од домаќините на првенството.
Според француската мрежа „РМЦ Спорт“, дел од италијанските навивачи почнале да фантазираат за можност за пласман преку „зелена маса“ доколку Иран објави повлекување. Иако таквиот сценарио не изгледа реално, некои веруваат дека Италија, како највисоко рангирана репрезентација меѓу оние што не се квалификувале, би можела да биде повикана да ги замени во групата „Г“, во која се Белгија, Нов Зеланд и Египет.
Но, последните најавија засега се дека Иран не размислува за повлекување, иако не им беше прифатено барањето нивните натпревари да се играат само во Мексико. Сепак, дури и да се повлече Иран претходно беше најавено дека ФИФА веројатно ќе ги повика Обединетите Арапски Емирати кои во групата во квалификациите завршија зад Иранците.