Погба конечно го постигна првиот гол за Монако (ВИДЕО)

Пол погба конечно по суспензијата и враќањето на теренот во дресот на Монако успеа да го постигне првиот гол за клубот од Кнежеството.

Французинот беше стрелец во пријателскиот натпревар кој овој клуб го одигра зад затворени врати против Брентфорд. Погба го постигна единствениот гол за Монако, а премиерлигашот славеше со 2-1.

По истекот на суспензијата, Погба одигра три натпревари во кои влезе како резерва, но потоа заработи повреда поради која одново требаше да паузира.