Италијанците играат со Северна Ирска, а се сеќаваат на Македонија!
Во центарот на вниманието е селекцијата на Италија која не ги помина претходните два баражи и веќе долго време не била на Светско првенство. Во претходниот обид ние им бевме пречката која не ја поминаа.
Оттогаш Италијанците постојано го споменуваат тој меч, дуелот со Македонија во Палермо кој сега им служи за пример како ниту еден противник не треба да се потцени.
Денеска тие ја пречекуваат Северна Ирска, а ако ја поминат ќе се сретнат со победникот од дуелот меѓу Велс и Босна и Херцеговина.
Бараж дуелите ќе почнат со мечот меѓу Турција и Романија, таа е единствената средба која стартува од 18 часот, сите останати се од 20:45.
Победникот од дуелот меѓу Турците и Романците ќе игра со подобриот од мечот меѓу Словачка и Косово.
Во баражот е и Албанија која гостува кај Полска, победникот од таа средба ќе игра против Украина или Шведска.
Од поодамна знаеме дека ако Македонија ја мине Данска ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Чешка и Ирска.