Седлоски ги избра преку бројните - Костадинов паузира поради жолти картони!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, ги одреди фудбалерите кои нема да конкурираат за настап на вечерашниот натпревар против Данска (20.45 часот) во полуфиналето од баражот за пласман на СП 2026.

Дуелот ќе се одигра на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, а од 27 фудбалери кои допатуваа во Данска, само 23 може да бидат во официјалниот записник. Натпреварот од трибините ќе го следат Решат Рамадани и Имран Фетаи од Шкендија, потоа Лука Станковски кој настапува за Колос Коваловка, како и Тихомир Костадинов од Сигма Оломуц, кој паузира поради суспензија од еден меч поради жолти картони.

Порано од комбинација отпадна и Есгјан Алиоски , кој поради повреда не беше во можност да им помогне на соиграчите во овој важен натпревар.