Уште една луда мерка на Американците: Навивачите на СП да платат 15 илјади долари депозит

Како што се ближи Светското првенство, така се зголемува лудилото на американската државна администрација, предводена од Доналд Трамп.

Последната мерка која е најавена оттаму ги вчудоневиди љубителите на фудбалот од целиот свет иако се однесува на навивачи од само пет држави од светот. Ако мерката се усвои, фановите од Алжир, Сенегал, Зеленортски Острови, Брегот на Слоновата Коска и Тунис ќе мораат да платат депозит од 15 илјади долари за да можат да ги гледаат своите репрезентации на Мундијалот.

Наводно, на вакво нешто се размислува со цел да се спречат лица од овие држави да останат илегално во САД, односно да мигрираат од своите земји.