Фабрегас по чудата со Комо може да заврши во Премиер лигата

На Сеск Фабрегас му оди одлично со Комо кој е на добар пат да избори место во Лигата на шампионите, а сега се појавуваат информации дека кариерата би можел да ја продолжи во Англија.

Според последните информации, екипата на Челси покажала интерес и размислува да тргне по услугите на шпанскиот стратег.

Наводно, во Челси имаат доверба во Росениор кој во овој момент го води клубот, меѓутоа сепак Фабрегас го гледаат како еден од главните кандидати, ако дојде до смена на крајот од сезоната. Росениор во Челси дојде во јануари и има договор до 2032, меѓутоа, доколку резултатите не бидат како што се очекува секако дека може да дојде до смена.

Еден од одлучувачките фактори ќе биде пласманот во Лигата на шампионите и ако го избори сигурно дека ќе остане, бидејќи Челси не играл во европската елита уште од сезоната 2022/2023.