Синот на Роналдо тренира во Мадрид, но Реал не го сака!
Синот на Кристијано Роналдо кој има 15 години бил забележан како тренира со тимот на Реал до 16 години, па поради тоа во јавноста се појавија најави дека би можел да тргне по стапките на неговиот татко кој во минатото го носеше дресот на „кралевите“.
Тинејџерот како и констатно досега во овој момент е дел од младинските категории каде што игра неговиот татко во Ал-Наср и како што стојат работите, Реал нема намера да го доведе, туку само му било дозволено да тренира со своите врсници додека со своето семејство престојувал во Мадрид со цел да ја одржува формата.
Инаку, неговиот татко го носеше дресот на Реал од 2009 до 2018 година и зад себе остави импресивен учинок од 438 натпревари, 450 голови и 131 асистенција во сите конкуренции.