Тиквеш ја продлабочи кризата на Куманово во Супер лигата

Кошаркарите на Тиквеш беа подобри од Куманово во 20. коло од Супер лигата и притоа ја запишаа деветтата победа со која направија чекор напред кон плејофот.

Кавадарчани го отворија мечот со 7-0, но Куманово возврати и внесе голема борба во натпреварот, при што ја доби првата четвртина со 22-21.

Тиквеш беше многу подобар на почетокот на втората четвртина во која поведе со 33-22, а Куманово во продолжение се обидуваше да ја намали негативата и успеа на полувреме да замине со 39-48.

Домашниот тим ја контролираше играта во вториот дел и стигна до +14 (72-58), а Куманово до крајот на мечот успеа само да го ублажи поразот (86-92).

Стеван Глигоријевиќ беше најефикасен кај Тиквеш со 20 поени и 10 скокови, додека Александар Радукиќ запиша 20 поени и 14 асистенции за Куманово.

По 20 одиграни меча, Куманово, Тиквеш и Чаир се на делба на шестата позиција со по девет триумфи и 11 порази.