ПСЖ побара услуга од ривалот за титула - доби голема „корпа“
Судирот на „светците“ со Ленс се паѓа точно помеѓу два натпревари со Ливерпул во Лигата на шампионите, па затоа од Париз замолија мечот да биде одложен за друг термин. Од Ленс стигна голема „корпа“, со порака: Не сме луди!
Ленс моментално е на второто место во Лига 1, со бод помалку од првопласираниот ПСЖ, па затоа не е изненадување што оттаму не се согласија да го одложат натпреварот; тие ја бркаат титулата, а можноста да го земат скалпот на ПСЖ, кој веројатно ќе биде во четвртфиналниот судир од Лигата на шампионите со Ливерпул, не доаѓа многу често.
За потсетување, Пари Сен Жермен го пречекува англискиот тим на „Паркот на принцовите“ на 8 април, го игра реваншот на „Енфилд“ на 14 април, а натпреварот со Ленс е на 11 април. Доста незгоден момент за натпревар што би можел да ја одлучи титулата во Франција.