Трагедија во Шведска: Млад голман застрелан на улица, неговото семејство е во шок
Момчето било застрелано во Еребру во саботата, по што бил пренесен во болница каде што го загубил животот.
„Сан“ пишува дека момчето не било поврзано со ниту една криминална група досега и овој инцидент го шокирал неговото семејство. Полицијата го истражува случајот и допрва треба да открие детали за напаѓачите.
Неговиот татко, Јоаким Гунарсон даде емотивно интервју за шведскиот медиум „Експресен“ по смртта на чуварот на мрежата.
„Неговиот сон беше да стане професионален фудбалер. Беше посветен на спортот и оваа година треба да му биде најдобра. Тој беше пријател со сите, сакаше да помага и беше добро дете“, вели неговиот татко.