Катастрофа за Медведев: Русинот елиминиран во третото коло во Мајами

Рускиот тенисер Данил Медведев го заврши учеството на мастерсот во Мајами, откако во третото коло од турнирот загуби со 1-2 во сетови од Франсиско Серундоло.

По одличниот настап во Индијан Велс, Русинот денеска целосно разочара, а во првиот сет не успеа да освои ниту гем (0-6).

Медведев се врати во следниот сет кој му припадна со 6-4, но во третиот сет немаше сила за целосен пресврт, па Аргентинецот со 7-5 обезбеди пласман во следната рунда.

Фото: EPA