Арбелоа не простува грешки, а тоа го дозна и Александер Арнолд!

Англискиот фудбалер Трент Александар Арнолд се најде во проблеми во Реал Мадрид поради кршење на строгиот кодекс на однесување.

Александер Арнолд не беше стартер против Атлетико Мадрид, а шпанските медиуми веднаш ја открија причината.

„Марка“ објави дека тренерот Алваро Арбелоа уште еднаш покажал дека нема никого да толерира и го казнил Англичанецот затоа што доцнел на тренинг.