Валверде го чека суспензија, Реал ќе се жали

Федерико Валверде постигна гол за Реал Мадрид против Атлетико во вчерашното градско дерби, но беше и исклучен поради што го чека суспензија.

Судијата Муниер Монтеро во својот извештај по натпреварот образложил дека Уругваецот намерно го шутнал противничкиот фудбалер и поради тоа според правилата му следи два натпревари суспензија.

Лаа Лига ја потврди одлуката, меѓутоа таа не е официјална бидејќи Реал ќе поднесе жалба. Сепак, не се очекува дека нешто ќе се промени.

Добра вест за „кралевите“ е што во тие два натпревари ќе бидат фаворити против Мајорка на домашен терен и Жирона на гости.