Елмас остана на клупа, Мектоминеј херој за Наполи (ВИДЕО)

Eкипата на Наполи во првиот натпревар од 30. коло во Серија А славеше победа од 1-0 против Каљари на гостински терен.

Човек на одлука за избраниците на Конте беше Скот Мектоминеј кој го постигна единствениот гол на средбата во втората минута од натпреварот.

Во продолжение видовме по некоја прилика и на двете страни, Каљари најмногу се закани во финишот, но резултатот не се промени.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елимас во овој натпревар по подолг период во кој редовно беше помеѓу стартерите остана на клупата за резерви.