Шишковски го продолжи договорот со Борац: Тука се чувствувам како во Скопје! (ВИДЕО)
Шишковски во Борац пристигна летото 2024 година од Арарат Ерменија и очигледно во босанскиот фудбал добро се снајде.
„Среќен сум што го продолжив договорот, ова е трето продолжување и тоа доволно зборува дека клубот и управата имаат доверба во мене. Ќе продолжам да работам и да го давам максиумот и се надевам дека ќе ги исполниме сите цели оваа година.
Мене ми е убаво тука, се чувствувам како да сум во Скопје, зборуваме ист јазик, храната е идентична, имам пријатели со кои играв и претходно“, порача Шишковски.
Покрај екипата на Арарат, Шишковски бранеше уште во Доха од Кипар, Работнички, Ропс и Лахти од Финска, како и белгиски Гент.