Во Бормут се мајстори за реми, Јунајтед не победи поради Мегваер (ВИДЕО)

Екипата вечерва на гости ремизираше против Борнмут одигрувајќи 2-2 во натпревар во кој се што беше интересно се случи во второто полувреме.

Првиот дел не донесе премногу возбудувања, па така и мрежите мируваа, но во вториот дел ситуацијата се промени.

Манчестер јунајтед дојде до водство по еден час игра кога ударот од белата точка во гол го претвори Бруно Фернандеш. Само седум минути подоцна Кристи на спротивната страна го израмни резултат.

Но, не помина многу, веќе во 71. минута Хил си ја погоди сопствената мрежа, па Јунајтед одново поведе. Бормут до бод дојде во 81. минута кога видовме нов пенал, а сега стрелаше Крупи за домашниот состав. Во таа ситуација исклучување заработи и Хари Мегваер.

До крајот мрежите мируваа, па двете екипи ги поделија бодовите. Интересно е што за Бормут ова е вкупно 15-то реми во Премиер лигата сезонава, но дури петто во низа.