Звезда водеше речиси цел натпревар и на крај загуби во Атина!

Кошаркарите на Црвена Звезда загубија од Панатинаикос во Атина со 82-74 во 32. коло на Евролигата.

Црвено-белите ја контролираа играта цели 30 минути, но во последната четвртина Кендрик Нан покажа зошто е МВП и го водеше грчкиот тим до пресврт и победа.

Во тие моменти кошаркарите на Звезда како да застанаа, додека Нан почна да игра и му донесе голема радост на тимот предводен од Ергин Атаман.

Со ова, Панатинаикос се изедначи со Звезда на табелата, двата тима сега имаат скор од 18 победи и 14 порази.

Најефикасен кај Звезда беше Џеред Батлер со 15 поени, додека Кајндрик Нан постигна 19, а Најџел Хејс-Девис 20 поени за Панатинаикос.

На останатите натпревари кои се играа денеска Фенербахче ја совлада Олимпија Милано со 79-75, додека Жалгирис беше подобар од Реал Мадрид 87-85.